| четврток, 6 декември 2018 |

Руни одби да потпише уште еден договор со Манчестер јунајтед

Вејн Руни ги потврдува шпекулациите на јавноста дека сака да си оди од Манчестер јунајтед, тој одби да потпише нов договор

runi

Откако Дејвид Мојес дојде на кормилото на тимот, тој не се чувствува комфорно, затоа што имаше и несогласувања со него во минатото.

 Од друга страна, се чини дека Манчестер јунајтед оваа сезона нема тим за освојување на Премиер – лигата, па можеби затоа Руни сака да побара нов предизвик. Се предвидува дека тој би можел да си замине дури и во јануари, за Манчестер јунајтед да извлече повеќе пари на неговиот трансфер.
За Вејн Руни беа заинтересирани, а и се уште се, Челси, Арсенал, ПСЖ, Реал Мадрид…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top