Во првите 100 дена членување во ЕУ, на основа на европските налози за апсење, Хрватска низ Унијата предала 27 свои и 9 странски државјани, додека во Хрватска е испорачано едно лица. Според хрватската полиција, странски налози за апсење се распишани за уште 90 други Хрвати. Веќе се приведени 12 и тече постапка за екстрадиција, додека за 53 се трага иако не е утврдено дека живеат во хрватска. Но, за 25-мина со распишан налог за апсење, не можат да се извршат бидејќи делата за кои се теретат се сторени пред 7 август 2002. хрватска всушност овој датум го истакнува заради некогашниот југословенски и хрватски прв разузнувач, Јосип Перковиќ, кого Германија го бара заради вмешаност во убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)


