| четврток, 6 декември 2018 |

Состојба на патиштата на почетокот на продолжениот викенд

avtopatОд 07.10.2013 започнаа градежни работи на реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонијапат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена ќе изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.

Од 25.09.2013 се воведе времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци – Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top