Фудбалерот на Милан и репрезентативецот на Италија Марио Балотели го повреди коленото на тренингот на националниот тим, по што го напушти тренинг кампот, односно нема да му биде на располагање на Чезаре Прандели за мечевите против Данска и Ерменија.
Сеуште не е познато колку е сериозна повредата, но Италијаните решија да не ризикуваат бидејќи веќе обезбедија пласман на мундијалот, па така нема да има потреба да игра проблематичниот напаѓач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


