
40 годишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат Гостивар- Градец.
Според тетовската полиција, несреќата се случила утрово околу 4.30 часот, во близина на гостиварското село Топлица кога Сеадин А.(40) од гостиварското село Падалиште изгубил контрола над возилото „пежо 306“ при што излетал од патот и удрил во ѕидана ограда.
Причината за несреќата се уште не е утврдена, но првично се претпоставува дека во моментот на несреќата возачот возел со неприлагодена брзина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


