| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 79 проценти од мажите фантазираат за својата колешка

Највознемирувачко нешто за посилниот пол е да не биде во можност да ја одржи ерекција, а една третина од нив смета дека за сексуалните вештини им "должи" на порно филмовите, открива студијата

muskarce-brine-velicina-penisa-i-31-posto-njih-glumi-orgazam-504x335-20130100-20130103160825-9f73e8f7b9863f9920c1fa8cdb65fe15
Околу 58 отсто од мажите признаваат дека имаат секс за време на пауза на работа, а речиси 79 отсто имале сексуални фантазии за неговата колешка, утврдило едно американското списание со испитување на 1131 мажи. Вакви резултати покажала и анкетата спроведена пред 18 години.

Освен во колешките, гледале и во шефицата, а 17 проценти од посилниот пол на работа гледале порно филм. Исто така, важно за нив е жената да има цели во животот отколку поголема плата, а дури 69 проценти од нив  веруваат дека платонско пријателсто помеѓу мажите и жените е можно.

Дневниот секс би го замениле за секс со некој што го сакаш

И исто како и за жените и за мажите е битна љубовта, па 91 отсто од нив би избрале секс двапати неделно со жена што ја сакаат наместо секс со некоја секој ден, за која не се грижат. Повеќето од нив се загрижени дека  нема да бидат во можност да ја одржат ерекцијата, а 61 проценти изјавиле дека им помага кога фантазирааат за партнерката. Но, 39 проценти признале дека им помагаат фантазиите за поранешната девојка, потврдило истражувањето.

За орален секс мислат дека се подобри од повеќето

И покрај тоа што 58 отсто рекле дека немаат доволно орален секс, својата способност ја сметаат за подобра од повеќето. За сексуалните игри им помагаат фотографии и снимки, а 43 отсто од нив се фотографирале голи за партнерката.

Порно филмови, вибратори и тројка

Околу 31 отсто велат дека нивната сексуална вештини се “должат” на порно филмови, а 70 проценти од нив би се согласиле и на употребата на вибратор во текот на сексот. Меѓутоа, во случај партнерката им предложи тројка со машки партнер, 42 отсто од нив би ја одбиле понудата, но и ќе ја испитат врската.

Иако повеќето од нив се за нови пози во кревет, 10 проценти од нив признале дека помислиле од кого таа го научила тоа.

„Пенисаурус Рекс“ или „г-дин Лаки“

Третина од мажите се загрижени дека нивниот пенис е премногу мал, а некои се малтретираат и со обликот. Иако многу од нив не му даваат име на половиот орган, тие што користат имиња најмногу ги користат „Пенисаурус Рекс” и „г-дин Лаки”. На 60 отсто од мажите не би им сметало таа да има прекар за нејзината вагина.

Една третина од нив глумат оргазам

Речиси 31 отсто од мажите признаваат дека барем еднаш во својот живот глумеле оргазам, што е 12 отсто помалку отколку пред 18 години. Но бројот на оние кои сакаат да доживеат породување е намален од 18 на 13 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top