| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец се забил во ѕид и загинал

policijalenta

Гостиварец Сеадин Алии (40) утрово загинал во сообраќајна несреќа на локалниот пат Гостивар- с. Градец.

Според информациите од МВР, Алии управувајќи со автомобил „Пежо 306“ излетал од патот и удрил во метален ѕид од ограда од куќа. Тој починал на лице место.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top