| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград ќе биде изложено писмото на Тесла до Ј.Ј. Змај

Националната библиотека на Србија првпат јавно ќе го изложи писмото на Никола Тесла упатено кон Јован Јовановиќ Змај

v276398p0Писмото ќе биде изложено во посебна комора пред Централната библиотека.

Националната библиотека најави дека писмото на Тесла ќе биде изложено на 1 март во рамките на презентацијата на најважните сегменти на својата богата колекција.

Во писмото е  сведоштво на за неговата љубов кон литературата, но и пријателства кои му го одбележале животот. Воодушевен од поезијата на Змај, Тесла му соопштува во писмото дека одлучил заедно со американскиот поет Роберт Џонсон да ги преведе неговите песни на англиски.

Џонсон му беше пријател Тесла, кој му помогна да ги промовира своите идеи со статиите за него во магазинот „Век”, објави НБС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top