| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола зел 11 милиони евра од Катар

Тренерот е само еден од познатите ликови во меѓународниот фудбал кои работеле за организаторот на Светското фудбалско првенство во 2022.година

Еден од најпопуларните и најпрестижните светски спортски медиуми, Франс Фудбал продолжува со истрагата во случајот на корупцискиот скандал со купување на организицијата на Светското фудбалско првенство во 2022.година.

Откако магазинот во своевидната афера Катаргејт, првично ги обвини поранешниот претседател на Франција Николас Саркози, првиот човек на УЕФА Мишел Платини и дел од африканските членови на Извршниот комитет на ФИФА, денеска обелодени имиња и на фудбалски ѕвезди што биле на платниот список на Катарците за лобирање при добивање на мундијалот. Меѓу нив се Зинедин Зидан, Габриел Батистута, Франк Де Бур и легендарниот тренер Бора Милутиновиќ, кои заедно добиле 5,5 милиони евра, и Жозеп Гвардиола кој инкасирал најмногу, цели 11 милиони за промоцијата на Катар кој, пак, се уште не решил кога ќе го организира СП во 2022.година,  на лето или в зима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top