Убаво време за продолжениот викенд – најавува Метеопро. Според прогнозата објавена на овој веб-сајт во петок, кога почнува празничниот продолжен викенд, ќе има појава на облачност која локално ќе донесе дожд. Но, истата вечер облачноста ќе се намали.
Веќе в сабота ќе имаме значително подобрување на времето со мала и локално умерена облачност. Максималната температура ќе има вредност околу 25 Целзиусови степени во Повардарието и централните региони, а на југоисток до максимални 28 степени. Во охридско-преспанскиот регион очекуваме максимални 23 степени, а слична температура ќе има и во Малешевијата.
В недела ќе имаме сончево и тивко време. Температурата во однос на сабота ќе биде во пораст за околу 1°С.
Следејќи ја прогнозата, Метеопро ви препорачува овој викенд да ја посетите Шар Планина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.