Барак Обама е толкав љубител на пиво што ги натера шефовите на кујната во Белата куќа да направат мала дестилерија и на тој начин да стане првиот претседател на САД што си правил свое пиво.
Денес произведува три вида пиво кои му помогнаа во неговата кампања за да се поврзе повеќе со своите избирачи и да ги потсети дека неговиот ривал Мит Ромни не пие.
Додека сам ја пишува историјата во светот, Обама ќе влезе во историјата како прв претседател што го искористил својот мандат да направи дестилерија во Белата куќа.
Главниот мајстор што го направил рецептот е шефот на кујната Сем Кас, како и заменик- шефот Тафари Кембел.
-Да бидам искрен, бевме изненадени колку е пивото добро со оглед дека никој од нас не произведувал пиво порано – изјави Кас.
Првиот човек на САД во почетокот беше на удар на јавноста поради неговата голема желба да пие пиво, но се покажа како одличен и едноставен начин Обама да се поврзе со своите избирачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.