| четврток, 6 декември 2018 |

Снеже Велков со склекови се подготвува за емисија (ФОТО)

Познатата македонска водителка е дел од новото балканско музичко шоу „Икс фактор“. Таа ќе биде задолжена да нѐ води низ аудициите, а подоцна и живите настапи.

Првите аудиции за шоуто завршија. Кандидатите што добија по 3 или 4 „да“ од жирито од денес се дел од втората фаза на аудиции. Одбраните 200 учесници, од кои 40 се македонски кандидати, уште повеќе ќе се намалуваат. Шоуто наскоро ќе почне со прикажување.

Вака, пак, Снеже Велков се подготуваше денес, пред почетокот на втората рунда аудиции, таканаречениот камп за обука, кој ќе заврши утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top