Познатата ТВ „Фрекуенсија латина“ без да провери емитувала прилог во кој посочила оти почесниот конзул Дејан Атанасовски претепал полицаец, а потоа бил приведен, што не било точно, па затоа сега најавува тужба и бара отштета за нарушениот углед.
Македонскиот почесен конзул во Перу, Деан Атанасовски, за кого една локална телевизија емитуваше прилог во кој тој се набедува дека нападнал и претепал полицаец, па бил приведен, ќе бара парична отштета од медиумот по основа „нарушување на угледот“. Од телевизијата ќе бара да му исплати 360.000 долари оти емитувала прилог непроверено и тенденциозно, како што вели Атанасовски, за да му наштети на неговиот углед. Пред да донесе одлука да поднесе тужба, конзулот најпрво писмено ги предупредил дека бара од нив „јавно извинување“, во спротивно, ќе треба да одговараат според прописите на перуанското казнено право.
– Дадоа сосема куса изјава дека „згрешиле во информирањето“, но тоа не е извинување како што треба, бидејќи, според законот, тоа треба да трае исто колку што траеше самиот прилог со кој ме навредија, односно наклеветија. Значи треба да се извинуваат три минути, што практично е нелогично за една телевизија, па затоа одам на суд – објаснува Атанасовски за „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.