| четврток, 6 декември 2018 |

Жена загина во сообраќајка кај Ропотово

jamaha soobrakajka

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патот Ропотово – Долнени кај Прилеп. Во несреќата загинала пешак, 80-годишна жена, а возачот на мотоциколот и неговиот сопатник се повредени, јави предмалку порталот Плусинфо.

Несреќата се случила попладнево околу 13 часот, кога мотор марка „хонда“ кој немал регистарски таблички удрил во старицата која ја поминувала улицата.

Според полицијата, жената починала на самото место на несреќата, а возачот на моторот и неговиот сопатник поради тешките повреди со кои се здобиле од падот на моторот се префрлени во битолската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top