Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук IVUS (Intravascular ultrasound), која е набавена од Америка од средства на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, а во употеба го предаде градоначалникот Никола Бакрачески, долгогодишен директор на оваа здравствена институција, заедно со докторот Власис Нинос од клиниката во Солун.
-Ќе имаме можност да ги подобриме не само дијагностичките перформанси во насока на подобро откривање на стеснувањата на крвните садови на срцето, туку и да ја утврдиме природата на наслагите во тие стеснувања, присуството на проблематични лезии коишто не можат да се видат со обична ангиографија, односно сите оние недостатоци кои со коронарната ангиографија не можат да се видат, ќе можат да бидат иследувани со помош на интраваскуларен ултразук. Ова е метода која што во исто време ќе ја зголеми и ефикасноста на процедурите што ќе се изведуваат во оваа болница во иднина со тоа што имаме можност да го одбереме најадекватниот стент, должината на стентот, да ги увидиме проблемите на стентот кои настануваат по неговата инплантација кои со обична коронарна ангионграфија не можат да бидат видени, и на тој начин веднаш, за време на самата процедура да се пристапи кон оптимизација на резултатот – изјави Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст