Триумфот на гостински терен значеше дека популарните „Ол блекс“ ќе го завршат натпреварувањето со максимален ефект, 6 славја во исто толку меча, додека домаќинот единствените два неуспеха ги забележи токму против Новозеланѓаните.
Австралија се пласираше на третото место со неочекуван ефект од само две победи и 4 порази, додека Аргентина, за која е огромен успех и самиот пласман на завршницата, остана на дното со шест загубени средби.
Бен Смит беше човекот што го предводеше Нов Зеланд до триумфот во Јужна Африка, додека забележителна улога имаа и Боуден Берет и Киран Рид.
Инаку, задачата на домаќините не беше лесна, им требаше победа со седум поени разлика за да можат да се надеваат на трофејот на турнирот, меѓутоа Жан де Вилие и Двејн Вермулен со колегите од тимот не можеа да му парираат на супериорниот противник, како во одбрана, така и во напад.
Нов Зеланд со ова докажа дека е класа за себе и не е чудно што подолго време доминира во овој спорт. За избраниците на селекторот Стив Хансен ова беше осми наслов „Рагби шампионатот“ во последните 11 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.