На репрезентацијата ѝ посветив 14 години и чувствувам дека е време да се повлечам. Премалку моменти минувам со семејството, а ова лето, кога не играв, ги запознав моите деца на вистински начин. Што им се допаѓа, што не, кои спортови ги сакаат… Можеби ќе звучи необично, меѓутоа не сакам поради кошарката да го пропуштам растењето на моите деца, вели Кириленко.
– Можеби ќе играм уште две, три или, пак, четири клупски години на највисоко ниво, по ова предизвикот ќе ми биде физички. Од една страна ми е тешко, меѓутоа чувството е добро – додава крилниот кошаркар на Бруклин нетс.
Русија на европскиот шампионат што се одржа во Словенија беше многу ослабена и натпреварувањето го заврши во групниот сегмент.
– Како и сите навивачи, бев разочаран од резултатите и мислам дека е време за промени. Кога јас доаѓав во репрезентацијата, тука, исто така, беше постарата генерација, која заминуваше, и младата, која пристигна. Сега ситуацијата е слична и луѓето мора да бидат трпеливи. Тешко им е и на играчите и на тренерите, меѓутоа треба само да продолжат да работат – советува Кириленко.
Тој дополнително уверува дека неговиот Бруклин може да конкурира за НБА шампионскиот прстен.
– Имаме многу играчи што се способни да настапуваат на највисоко ниво и затоа имаме добри шанси да се бориме за титулата. Не значи дека ќе ја освоиме, меѓутоа не сме без шанси. Ќе биде тешко, Мајами е главниот фарворит иако уште неколку тимови играат извонредно – заклучи Русинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



