Комисијата за хартии од вредност (КХВ) трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Мој брокер“ АД Скопје, по нејзино барање.
Одземањето на дозволата за работа, соопшти КХВ, е поради донесена Одлука на Собранието на акционери на „Мој брокер” со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност.
Со трајното одземање на дозволата се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што КХВ ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Комисијата согласно Законот за хартии од вредност ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност веднаш по приемот на решението, трајно да ја исклучат од членство „Мој брокер”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст