Европската комисија не бара од Србија да ги отвори тајните документи на службата за безбедност, но „силно препорачува“ тоа да се направи, се наведува во соопштението од Канцеларијата на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.
Портпаролот на Филе, Петар Стано за белградскиот весник „Данас“ истакна дека „отворањето на досиејата би помогнало во истрагата за исчезнатите лица, како и за нерешените убиства од 1990 година, меѓу кои има и нерасветлени убиства на новинари“.
Стано посочи и дека поголемата транспарентност и отвореното соочување со минатото води кон помирување во општеството и надминување на постоечките поделби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.