| четврток, 6 декември 2018 |

САД во општек пуштаат банкнота од 100 долари

100

Банкнота од 100 американски долари со нови специјални заштити од фалсификати денеска ќе биде пуштена во оптек, иако американската влада на САД се наоѓа во делумна блокада.

Изработката на новата банкнота траела повеќе од десет години, а подготовката беше проследена со бројни тешкотии во производството.
Граѓаните на САД ќе можат да ја имаат првата банкнота утре попладне, во зависност од близината на банките до централниот трезор, од каде се врши дистрибуцијата на новите банкноти од 100 долари.

На банкнотата ќе биде ликот на Бенџамин Франклин, а на грбот ќе биде салата на независноста во Филаделфија.

Таа има светло сина тридимензионална безбедносна лента, на која има слики кои се движат во спротивна насока од тој кон кого се свртува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top