| четврток, 6 декември 2018 |

Новевски ќе заокружи десет години во Мајнц

Новевски во клубот дојде во 2004.година, а со денешното обновување на договорот тој ќе остане во Мајнц цела декада

Македонскиот стопер Николче Новески потпишал нов договор со неговиот Мајнц според кој, тој останува во клубот до летото 2014.година. Досегашниот договор го обврзуваше битолчанецот до крајот на оваа сезона, но на обострано задоволство соработката меѓу петтопласираната екипа во Бундес лигата  и нашиот дефанзивец кој пред два дена од Eurosport беше избран во идеалните 11 на фудбалскиот викенд.

-Тој е вистински мотиватор и пример за тимот. Ние сме моќна екипа кога е тој на теренот, а за тоа годините не играат никаква улога-рече тренерот на Мајнц, Кристијан Хајдел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top