| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Бој кариерата ја почнал со улога во порнофилм

Сер Дејвид Џонс, актерот што на многумина им е познат како Дерек Тротер – Дел Бој од популарната хумористична серија „Сплетки“, во неговата биографија „Мој живот“ призна дека актерската кариера ја почнал со улога во порнографски филм.

Биографијата наскоро треба да се појави во јавноста, а магазинот „Сан“ веќе објави некои детали.

– Кога се работи за мојата кариера, единственото нешто поради кое се срамам е улогата во порнофилм. Нормално, не снимав сцени, туку само се појавив во филмот – пишува во биографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top