| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Бекам во ПСЖ?

Англиската фудбалска икона се враќа на стариот континент

Според сите повилијателни англиски и француски медиуми Дејвид Бекам потпишал или е пред потпис на договор со Пари Сен Жерман. Според нив уште денеска на прес средба од 16 часот, на Паркот на принцовите ќе има претставување и детали од договорот кој, најверојатно ќе биде само до јуни.

Бекам кој во мај ќе наполни 38 години, се враќа во Европа по пет години минати во Лос Анџелес Галакси иако и во тој период во два наврата беше дел од Милан како позајмен играч. Од тој период датира пријателството со сегашниот нов тренер Карло Анчелоти, кој очигледно бил главен во трансферот на Бекам во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top