Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика бензините од полноќ се намалуваат за 1,50 денар, а дизелот поевтинува за 2 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати, во согласност со Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,79 проценти. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалуваат за 1,50 ден./лит. во однос на цените утврдени во согласност со претходната одлука од 23.9.2013 година.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС -95 изнесува 78 ден./лит., додека цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 изнесува 79,50 ден./лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 ден./лит. и ќе изнесува 69,50 ден./лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит, со што таа изнесува 58,00 ден/лит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.