Обвинителството бара построги казни, без да прецизира колку, за обвинетите во случајот ,,Ликвидација“, меѓу кои е и новинарот Томислав Кежаровски. На денешното изнесување на завршните зборови во процесот обвинителите инсистираа на сериозни санкции поради, како што рекоа, „тежината на делото“.
Во судскиот процес досега се прегледуваа доказите добиени со посебни истражни мерки, снимени телефонски разговори, видеоматеријали и транскрипти. На Кежаровски мината седмица по петти пат му беше продолжен притворот иако и домашниот новинарски синдикат и ЗНМ, како и релевантни меѓународни организации, меѓу кои и ОБСЕ, побараа тој да се брани од слобода поради лошата здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.