| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец удрил во полициско „јети“ и газел полицајци

yeti policiija

Со својот автомобил намерно удрил во полициска „шкода јети“ а потоа тргнал да ги гази двајцата полицајци. Едниот го удрил во десната нога, а во меѓувреме вториот се фрлил на хаубата на полицискиот автомобил. Потоа насилникот избегал.

Овој неверојатен инцидент се случил завчера десетина минути пред полноќ на улицата Јане Сандански во Тетово, пред угостителскиот објект „Тантра“, информира МВР. Полицајците забележале паркиран „опел астра“, покрај кој бил маж од селото Порој и застанале. Кога ги здогледал, мажот влегол во опелот и возејќи наназад удрил во полициската „шкода јети“, по што веднаш тргнал напред и еден од полицајците го удрил во десната нога. Потоа избегал.

Малку подоцна тетовската полиција го пронашла „опелот“ паркиран на улицата „М. Рајчевиќ“. По напаѓачот на полицајците се трага, информира полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top