Меѓународните експерти во Сирија, првиот ден од кампањата, која има за цел отстранување на сириското хемиско оружје, уништиле боеви глави, хемиски бомби и опрема за мешање и полнење, соопштија Обединетите нации.
– Процесот на уништувањето на сириското хемиско оружје почна, се наведува во соопштението.
Самиот процес на уништување на овој дел од сириското хемиско оружје го спровеле сириските работници, под надзор на меѓународни експерти, а процесот ќе продолжи следните денови.
Меѓународниот тим, исто така, „следи, проверува и известува“ за тоа дали владата на претседателот Башар ал Асад дала точни информации за своите резерви, се додава во соопштението.
Претставниците на Организацијата за забрана на хемиското оружје и експертите на ОН пристигнаа во Дамаск во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност од 27 септември, со која е поддржан планот на САД и Русија за елиминација на арсеналот по нападот во август, во кој се убиени стотици лица, а во кој е употребено хемиско оружје.
Во согласност со тој план, објектите за производство на хемиско оружје мора да бидат уништени до 1 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


