За една недела со грип се заразени нови 1700 заболени, со што вкупната бројка е 3474 грипозни.
Бројноста на заболемните е двојно поголема лани во истиот период.
Грипот е раширен низ цела Македонија. Најмногу заболени се на возраст меѓу 15 и 64 години. Ризична група се и децата до 4 годишна возраст.
Четиригодишното девојче кое минатата недела беше на инфективната клиника е во стабилна здравствена состојба и пуштена е дома.
На Одделот за интензивна нега при Инфективната клиника во моментов се сместени тројца мажи. Во минатава недела на анализа се примени 46 примероци, од кои кај над 69% е констатиран грип од типот А, а 20 од нив се новозаболени од Х1Н1, познато како пандемски или свински грип.
Надлежните советуваат да се почитуваат мерките и препораките,а особено е важно да се кашла и кива во марамче, а не во воздух или на рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.