
Во македонското Собрание од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за оваа година. За предложениот ребаланс, со кој се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на МОН, ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет.
Предлогот предвидува во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да се додадат 1,34 милијарда денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории.
Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.
Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализација.
Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година нема позначајни промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


