Субрата Рој сопстевникот нафилмското студио Ф1, во Македонија вложува 200 милиони евра во млечната индустрија и најавува милионски проект на елитен туризам во Охрид, но и во Хрватска го интересираат инвестиции во туризмот и банкарството, објавува риечки Јутарњи лист.
Во главниот град на Македонија последната недела тешко е да се одбегне насмеаното лице на Индиецот со мустаќи. Се смее од рекламните паноа, излегува од рекламите во весниците, за него известуваат медиумите, пишува весникот.
Индискиот милјардер Субрата Рој во Македонија најави големи инвестиции во туризмот и млечната индустрија, а на почетокот на октомври организираше Балкански мировен фестивал, наречен токму според него- Сахара Балкан Пис Фестивал, на кој од Индија донесе повеќе од педесет работници од својата фабрика и низа индиски играчи и уметници.
Негова прва инвестиција во Македонија е комбинатот Џумајлија, кој произведува млечни производи, а во кој во период од неколку години тој ќе вложи вкупно 200 милиони евра – 60 во првата година и пол, во следните три остатокот од парите. Ќе вработи 2.ооо луѓе, дневното производство на млеко ќе го зголеми на 80 литри, а интенција му е со време Македонија да го снабдува целиот регион со млечни производи.
Се уште не е позната вредноста на проектот во Охрид, каде Сахара планира да гради голем ресорт на елитен туризам, со неколку коцкарници, огромен конгресен и велнес центар, хотели, пристаниште за луксузни јахти… Ќе биде тоа Лас Вегас или Дубаи во овој дел од Европа. Се очекува износот на влоговите да се бројат во стотина милиони евра.
На прашањето на Јутарњи лист, зошто баш Македонија, Субрата Рој со одговор:
„Кога колегата за првпат ми ја спомна Македонија, признавам дека ништо не знаев за земјата. Почнав да се распрашувам и дознам дека тука е родена Мајка Тереза. Лично ја познавав и затоа ме заинтересира“, По што тој во Индија се сретнал со македонскиот премиер Никола Груевски и набрзо дошол во Македонија.
„Хрватска? Знам дека е тоа туристички многу јака земја и планирам наскоро да ја посетам. Од проектите во Македонија ќе просперираат сите земји во регионот, ќе го шириме производството, а секогаш сме во потрага по локации за филмовите, кои планираме да ги бараме низ целиот Балкан“, раскажува Субрата Рој сопстевникот на големо филмско студио во Боливуд од каде годишно излегуваат по 30 филмови.
„Ќе испратам делегација во Хрватска – ме интересираат локации за туристички инвестиции, најмногу на островите, и евентуално филмски сетови. Моите луѓе идниот месец ќе дојдат во Хрватска“, изјавил заинтересирано Рој.
„Ме интересираат банките во Хрватска. Осигурителни компании не би купувал, имам своја осигурителна куќа, но ако е банката добра и здрава, тоа е секако инвестиција која ме интересира“, рекол Рој и изразил заинтересираност за Хрватска поштенска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.