| четврток, 6 декември 2018 |

Тракторист се бори за живот по тешка сообраќајка во Кавадарци

Во сообраќајна несреќа е тешко повреден тракторист кој превезувал грозје, попладнево на регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб.

Трактористот кој се здобил со тешки телесни повреди со брза помош е пренесен во општата болница во Кавадарци, а оттаму на Ургентниот центар во Скопје.

Информацијата ја потврдија од кавадаречката полиција, но велат дека засега не можат да соопштат повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top