| четврток, 6 декември 2018 |

Либија не знаела за американската операција

US marines on patrol near the town of Khan Neshin in Helmand, 2009Либија објави дека не била известена од САД за операцијата на американски командоси на нејзина територија вчера, кога беше уапсен лидер на Ал Каеда.
Во коминике на либиската Влада се вели дека ги следи информациите за „киднапирање либиски граѓанин“ од американските власти. Триполи побарал објаснување за приведувањето на Назих Абдул Хамид ар Рукаи, наречен Абу Анас ал Либи, лидер на Ал Каеда. Тој е наводно вмешан во нападите врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија од 1998 година во кои загинаа над 200 луѓе.
Либиските власти наведуваат дека на либиски граѓани треба да им се суди на територија на државата. Либиецот (49) беше уапсен близу Триполи можно е да биде префрлен во САД каде против него има подигнато обвинение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top