Фондацијата Т-Mobile за Македонија демантира поврзаност со објавување на стариот апел за помош за донација на 070 143 143, за Сара Ѓорѓиевска.
„Како и сите броеви за донации, откако ќе заврши акцијата за собирање средства за одредено лице или институција, овој број, 070 143 143, во ноември 2012 година беше пренаменет за друг корисник. Искрено се надеваме дека ова нема да ги спречи хуманите граѓани и понатаму да помагаат“, посочуваат на фејсбук страницата.
Прес 24 пренесе дека фондацијата ќе ги враќа средствата на сите корисници кои донирале на бројот 143 143 во периодот од 27 до 30 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.