| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Правев грешки, но никој во граѓанската војна не е без вина

Сирискиот претседател Башар ал Асад призна дека правел грешки, но истакна дека ниту една страна во граѓанската војна не е без вина. Во интервју за германското списание „Шпигел“, истакна дека „поединци правеле лични грешки“, без да објасни на какви грешки мисли.
asad intervjutoСписанието наведува дека Асад покажал волја да распише избори пред во август да заврши неговиот мандат, како и дека се уште не одлучил дали повторно да се кандидира за шеф на државата.
– Ако зад мене не стои волјата на народот, нема повторно да се кандидирам, истакнал сирискиот претседател.
Запрашан да го искоментира нападот со хемиско оружје од 21 август, во кој загинаа повеќе стотина луѓе, Асад повторно демантираше дека неговиот режим е вмешан во тој настан.
– Сликата која се создава за мене како некој што го убива сопствениот народ е погрешна. Западните дипломати, кои велат дека постои најмал сомнеж дека трупите на Асад се виновни за нападот, повеќе и веруваат на Ал Каеда отколку на мене, тврди сирискиот лидер.
Асад тврди дека американскиот претседател Барак Обама „нема ниту трошка доказ дека сириската армија употребила хемиско оружје“.
– Тој не кажува ништо освен лаги, вели Асад во интервјуто.
Тој, исто така, нагласи дека нема да преговара со бунтовниците се додека тие не го предадат оружјето, додавајќи дека неговиот најсилен сојузник – Русија, повеќе од било кој ја поддржува неговата Влада.
asad intervjuВо интервјуто Асад истакнува дека не верува дека конфликтот во земјата може да се реши преку преговори со бунтовниците.
Ваквите негови коментари би можеле да ги уништат надежите на некои западни сили за политичко решение на сириската криза.
Сирискиот претседател потенцирал дека не се плаши за својата судбина и затоа тој и неговото семејство останале во Дамаск во овие две и пол години од конфликтот.
Според Асад, власта во Сирија се бори против десетици илјади борци на Ал Каеда од 80 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top