Андреј Ковачев, предводникот на бугарската делегација во Европскиот парламент најави дека во Брисел ќе ја пофали конференцијата од Струга за 100-годишнината од Охридско-дебарското востание, како прв чекор кон имплементација на препораките од европарламентарците, ги пренесува Телеграф.мк изјавите за бугарската агенција „Фокус“. Тој вели дека дел од јавноста во Македонија ги прифаќа препораките од Брисел, додека останатите, блиско поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат да го следат европскиот пат.
-Како членови на Европскиот парламент, не само јас туку и моите колеги, ќе ја презентираме конференцијата во Струга, како прв чекор кој покажува дека препораките од Европскиот парламент, кои се гласаат од европарламентарците, не се само парче хартија што никој не го почитува. Има организации и власти во Македонија (како градоначалникот на Струга, Унијата на албанските историчари во Македонија и Бугарскиот културен клуб) кои ги почитуваат овие препораки – вели Ковачев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


