Тешка кражба во село Лески крај Виница. Додека вчеравечер биле на гости, крадци им ја испразниле куката. Ова му се случило на семејство од виничкото село Лески.
Засега непознат или непознати сторители, со претходно насилно кинење на заштитната мрежа од инсекти на еден од прозорците од приземјето на куката, и кршење на бравата на прозорецот, крадците влегле во куката и успеале да најдат и одземат 12 илјади евра, 27.00 денари и севкупниот златен накит.
Во меѓувреме додека непознатите или непознатиот оперирал во куката, 35 годишниот Л.Д. со семејството бил на гости кај свои пријатели. Откако завршиле работа, сторителите не забележани од никого се изгубиле во непознат правец. Кражбата прв ја забележал Л.Д. кога со семејството се вратиле дома. Иако сакале, соседите не можеле ништо да помогнат бидејќи како што тврделе не слушнале ниту пак виделе нешто невообичаено да се случува кај нивниот сега ограбен сосед.
Оштетеното семејство, кражбата веднаш ја пријавило во полиција. Според оштетениот, севкупната штета изнесува околу 17 илјади евра. Истрагата и потрагата по крадците или крадецот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


