| четврток, 6 декември 2018 |

Иницијатива „Нова Југославија“: „Супердржава“ – решение за европските проблеми

Иде­ја­та што дој­де од Под­го­ри­ца за но­ва бал­кан­ска уни­ја од ше­сте др­жа­ви што сѐ уште не се дел од ЕУ, но се­ко­ја од­дел­но има по­стиг­на­то по­се­бен сте­пен на ин­те­гра­ци­ја, се чи­ни де­ка по­ве­ќе е од ко­рист на ЕУ откол­ку на бал­кан­ски­те др­жа­ви

Nova-Yugoslavia-1Иде­ја­та за фор­ми­ра­ње на Г6 на Бал­ка­нот по тер­кот на нор­ди­ски­от ре­ги­он, уште на почетокот наиде на не­га­тив­ни реакции. При­о­ри­тет се ин­те­гра­ци­и­те во Европ­ска­та уни­ја, а на па­тот до та­му др­жа­ви­те од ре­ги­о­нот се на мно­гу раз­лич­но ни­во. Иа­ко ме­ѓу­себ­но се по­ма­га­ат и раз­ме­ну­ва­ат искус­тва, вле­гу­ва­ње­то во ед­на та­ква го­ле­ма при­каз­на на др­жа­ви­те би би­ло не­воз­мож­но. Трг­ну­вај­ќи од при­о­ри­те­тот, од­нос­но од ин­те­гра­ци­и­те, си­те др­жа­ви се на раз­ли­чен сте­пен во тој про­цес: Цр­на Го­ра ве­ќе пре­го­ва­ра, Ма­ке­до­ни­ја ќе бе­ше на по­ло­ви­на пре­го­во­ри да не се бло­ка­ди­те од Гр­ци­ја, Ср­би­ја ста­на кан­ди­дат, Ал­ба­ни­ја го оче­ку­ва тоа, до­де­ка нај­комп­ли­ку­ван е про­це­сот на Ко­со­во и на БиХ.
Иа­ко на по­че­то­кот се ве­ле­ше де­ка ини­ци­ја­ти­ва­та на цр­но­гор­ски­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та, Игор Лу­кшиќ, е под­др­жа­на од евро­ко­ме­са­рот за­дол­жен за про­ши­ру­ва­ње, Ште­фан Фи­ле, по­тоа се до­да­де де­ка тоа, всуш­ност, е не­го­ва иде­ја.
До­кол­ку се пог­лед­не го­ле­ма­та сли­ка, нор­мал­но де­ка ЕУ ја по­са­ку­ва се­ко­ја ре­ги­о­нал­на со­ра­бо­тка, осо­бе­но по тол­ку го­ди­ни по­е­ди­неч­на ра­бо­та со се­ко­ја од овие шест др­жа­ви. Но, до­кол­ку се за­гре­бе под по­вр­ши­на­та ед­на та­ква на­та­мош­на со­ра­бо­тка со еле­мен­ти на (кон)фе­де­ра­ци­ја, мно­гу по­ве­ќе ѝ го­ди на ЕУ откол­ку на ре­ги­о­нот.
Одол­жу­ва­ње на вле­зот
Раз­ли­ки­те во сте­пе­нот на евро­пе­и­за­ци­ја на ре­ги­о­нот не би би­ле тол­ку го­лем проб­лем на ЕУ кол­ку што би прет­ста­ву­ва­ло по­е­ди­неч­но­то про­ши­ру­ва­ње, и по­крај по­е­ди­неч­ни­от при­од. Кон­ти­нен­тот е за­фа­тен со ле­ку­ва­ње од еко­ном­ска­та кри­за ко­ја по­ка­жа вна­треш­ни не­до­ста­то­ци, но и од „пре­бр­зо­то“ ши­ре­ње. Та­ка, фор­ми­ра­ње­то на ед­на ва­ква чу­до­виш­на фор­ма на со­јуз со за­ед­нич­ки ин­сти­ту­ции си­гур­но би овоз­мо­жи­ло „вре­ме за од­ди­шка“ од За­па­ден Бал­кан, кој ќе тре­ба дол­го да се за­ни­ма­ва за вна­треш­но изед­на­чу­ва­ње на европ­ски­те стан­дар­ди. Во го­ди­на ко­га европ­ски­те ко­ме­са­ри и ин­сти­ту­ции са­ка­ат да се по­ка­жат во нај­у­ба­во и ус­пеш­но свет­ло, пред из­бо­ри­те за европ­ски­те ин­сти­ту­ции, ва­ков со­јуз би се по­ка­жал ка­ко ус­пеш­на европ­ска при­каз­на за „ ЕУ-ми­кро­ре­ги­он“. Би­деј­ќи акту­ел­ни­те ана­ли­ти­ча­ри на со­стој­би­те вна­тре во Уни­ја­та ве­лат де­ка след­но про­ши­ру­ва­ње би се слу­чи­ло нај­ра­но во 2018 го­ди­на, це­ла­та таа при­каз­на со мож­но на­та­мош­но фор­ми­ра­ње на еден суб­јект би да­ла ар­гу­мент пред европ­ски­те гла­са­чи де­ка со про­ши­ру­ва­ње не би влег­ле шест, ту­ку са­мо ед­на др­жа­ва/кон­фе­де­ра­ци­ја, ко­ја на па­тот на соз­да­ва­ње­то го по­ми­на­ла исти­от пат ка­ко ЕУ.
Всуш­ност, европ­ски­те ин­сти­ту­ции се пла­шат од искус­тво­то од Бал­ка­нот. Пр­во со при­ме­рот на Ма­ке­до­ни­ја. ЕУ, пред­во­де­на од це­ла­та вна­треш­на иде­а­ли­стич­ка по­ста­ве­ност, се нај­де за­те­че­на пред проб­ле­мот кој пр­во ед­на, а по­тоа и уште ед­на член­ка го зло­у­по­тре­би­ја „клу­бот“ спро­тив­но на ос­нов­ни­те на­че­ла за по­чи­ту­ва­ње на де­мо­кра­ти­ја­та и чо­ве­ко­ви­те пра­ва за са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње. Но, не се са­мо Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја кои го по­ка­жаа бал­кан­ски­от ина­ет и ка­ра­ктер за зло­у­по­тре­бу­ва­ње на по­зи­ци­ја­та. И Сло­ве­ни­ја го сто­ри тоа со Хр­ват­ска, но, за раз­ли­ка од рак-ра­на­та „Ре­пуб­ли­ка  Ма­ке­до­ни­ја“, за те­ри­то­ри­јал­ни­те во­ди по­сто­јат за­кон­ски ре­ше­ни­ја и искус­тва. Се­то тоа уште во 2009 го­ди­на го по­со­чи то­гаш­ни­от из­ве­сту­вач на ЕП, Ерик Ме­јер, кој ре­че де­ка за­пад­ни­от дел на Евро­па не ни мо­жел да прет­по­ста­ви ка­кви сѐ ус­ло­ву­ва­ња, ко­ри­сто­љу­бие и со­сед­ска „нап­ла­та“ се мож­ни ме­ѓу ју­го­и­сточ­ни­те др­жа­ви на кон­ти­нен­тот.
Европ­ски­те прет­став­ни­ци не го прет­по­ста­ву­ва­ле та­кво­то од­не­су­ва­ње над­вор од европ­ски­те пра­ви­ла на игра, па ќе по­ми­нат го­ди­ни до­де­ка не се нај­дат ин­стру­мен­ти од та­ква за­шти­та, ако во­оп­што и се оби­ду­ва­ат да нај­дат ин­стру­мент – до­да­де Ме­јер.
Дел од европ­ски­те чел­ни­ци во ва­ква­та ини­ци­ја­ти­ва пре­поз­на­ва­ат мост за по­на­та­мош­ни­те та­кви од­не­су­ва­ња. Во ед­на та­ква „не­о­бал­кан­ска уни­ја“ не­ма да е преч­ка Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко дел од та­ква­та фор­ма, да вле­зе во ЕУ. Исто та­ка, Ср­би­ја и Ал­ба­ни­ја, за кои со си­гур­ност се прет­по­ста­ву­ва де­ка до­кол­ку не вле­зат во па­кет, ќе се ус­ло­ву­ва­ат пре­ку по­ста­ве­но­ста и кон­та­кти­те на Ко­со­во, што, пак, со се­та сво­ја акту­ел­на по­зи­ци­ја на че­ка­ње на не­го­ва­та не­за­вис­ност од си­те др­жа­ви од ЕУ, е по­себ­на при­каз­на.
Nova-Yugoslavia-2Еко­ном­ски и дру­ги вли­ја­ни­ја
Европ­ска­та уни­ја, чиј­што еко­ном­ски мо­тор за­се­га оста­ну­ва Гер­ма­ни­ја, во след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни не би мо­же­ла да ги спре­чи ма­ли­те др­жа­ви од За­па­ден Бал­кан да ба­ра­ат из­лез за сво­и­те еко­но­мии на дру­га стра­на до­де­ка го че­ка­ат Бри­сел да да­де зе­ле­но свет­ло за при­ем. Го­ле­ми­от па­зар што би се вос­по­ста­вил во таа но­ва кре­а­ту­ра во ре­ги­о­нот, мно­гу по­лес­но би бил под европ­ска кон­тро­ла, се­ка­ко спо­ред пра­ви­ла­та на др­жа­ви­те кои се нај­на­пред во изед­на­чу­ва­ње на стан­дар­ди­те. При­тоа би се ин­си­сти­ра­ло гла­вен па­зар да би­де европ­ски­от, ка­ко под­го­то­вка за на­та­мош­но фор­мал­но членс­тво. Та­ква­та оп­ци­ја би за­ста­на­ла на па­тот кој го тра­си­раа др­жа­ви­те што во мо­мен­тов еко­ном­ски се мно­гу вли­ја­тел­ни во ре­ги­о­нот – Тур­ци­ја, Ки­на, Ру­си­ја, кои пре­ку фи­нан­си­и­те обез­бе­ду­ва­ат и ид­но по­ли­тич­ко вли­ја­ние.
За­пад­ни­те ме­ди­у­ми не­кол­ку го­ди­ни ја опи­шу­ва­ат тур­ска­та дип­ло­ма­ти­ја ка­ко не­о­ос­ман­ли­ска, од­нос­но со­вре­ме­на фор­ма на вли­ја­ние. Всуш­ност, еко­ном­ски­те од­но­си и отво­ра­ње­то тур­ски учи­ли­шта се те­ме­ли­те кои, во вре­мен­ски­от ва­ку­ум за ЕУ, би тре­ба­ло да го на­пра­ви ре­ги­о­нот са­те­лит на гра­ви­та­ци­ски­от цен­тар – Тур­ци­ја.
ЕУ осо­бе­но би са­ка­ла да го ди­стан­ци­ра ру­ско­то на­та­мош­но вли­ја­ние. Опас­ност ви­де во га­со­во­дот и во дру­ги ин­ве­сти­ци­ски за­фа­ти. Ка­ко по­се­бен ас­пект се по­ста­ву­ва и за­ста­ну­ва­ње­то на па­тот на еко­ном­ски­те вли­ја­ни­ја. ЕУ ба­ра­ше од Цр­на Го­ра да го истра­жи по­тек­ло­то на па­ри­те што се вле­зе­ни пре­ку ру­ски ин­ве­сти­то­ри. Во тој кон­текст, не смее да се за­не­ма­ри де­ка Мос­ква по­ра­ча оти не е про­тив членс­тво­то на Цр­на Го­ра во ЕУ до­кол­ку Под­го­ри­ца сме­та де­ка би ѝ ко­ри­сте­ло, но е про­тив ши­ре­ње­то на НА­ТО.  При­тоа, без сом­неж, под лу­па се и ки­не­ски­те ин­ве­сти­ции и за­е­ми кои на го­ле­ма вра­та се нав­ле­зе­ни во ин­фра­стру­кту­ра­та во со­сед­на Ср­би­ја – од из­град­ба на па­ти­шта, пре­ку же­лез­ни­ца­та или за­ин­те­ре­си­ра­ност за пло­вен пат Ду­нав – Мо­ра­ва – Вар­дар.
Иа­ко спо­ред не­кои ана­ли­ти­ча­ри иде­ја­та за со­ра­бо­тка од та­ков вид би ја спре­чи­ла Ру­си­ја, до­де­ка тур­ски­от план не е проб­лем, не смее да се за­бо­ра­ви мо­мен­тот кој Ан­ка­ра не­кол­ку па­ти го наг­ла­су­ва – ЕУ е хри­сти­јан­ски клуб кој не доз­во­лу­ва членс­тво на мус­ли­ман­ски др­жа­ви. Спре­чу­ва­ње­то на Тур­ци­ја отво­ра скеп­са де­ка та­кви­от од­нос е мо­жен и кон Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во, БиХ, ка­ко и Ма­ке­до­ни­ја и Цр­на Го­ра, ка­де што про­цен­тот на мус­ли­ман­ски вер­ни­ци е зна­чи­те­лен. Др­жеј­ќи го ре­ги­о­нот над­вор, при­тоа имај­ќи кон­тро­ла над ре­ги­о­нот чиј­што стре­меж кон неа не се оче­ку­ва да пад­не, ќе при­ти­ска пре­ку нај­а­ве­на­та ин­сти­ту­ци­ја „Бал­кан­пол“ да го ре­ши проб­ле­мот со ми­ли­тант­ни­те мус­ли­ман­ски гру­пи кои, ка­ко остав­ни­на од бал­кан­ски­те бор­би, се­га се бор­ци во конф­ли­кти­те на Бли­ски­от Исток. Се­ка­ко, тоа ќе би­де но­во оправ­ду­ва­ње за евен­ту­ал­но од­ло­жу­ва­ње на при­е­мот.
ИВИ­ЦА БО­ЦЕВ­СКИ: Црногорски маркетинг
Ста­ну­ва збор за цр­но­гор­ски мар­ке­тин­шки по­тег за да по­ка­жат де­ка се по­и­на­кви и мно­гу по­о­тво­ре­ни за ин­те­гра­тив­ни ини­ци­ја­ти­ви, за раз­ли­ка од „на­ци­о­на­ли­сти­те“ од за­о­ста­на­ти­от Бал­кан. Нор­мал­но, за Цр­на Го­ра мно­гу по­до­бро и по­у­пат­но ќе би­де да по­ра­бо­ти на сво­јот имиџ би­деј­ќи ќе срет­не­те на­пи­си де­ка е „при­ват­на др­жа­ва“ со се­ри­о­зен проб­лем со ко­руп­ци­ја­та на нај­ви­со­ко по­ли­тич­ко ни­во.
Нам не ни е ме­сто во ни­ка­кви „скра­те­ни Ју­гос­ла­вии“ или во не­ка­кви чу­до­виш­ни фор­ми низ кои тре­ба да се ре­ша­ва ал­бан­ско­то или срп­ско­то пра­ша­ње на Бал­ка­нот. Впро­чем, Ма­ке­до­ни­ја се од­вои од Ју­гос­ла­ви­ја за да се спре­чи ма­јо­ри­за­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род, па не гле­дам зо­што се­га би вле­гу­ва­ле во твор­би ка­де што по­втор­но ма­ке­дон­ски­от на­род би бил пред­мет на ма­јо­ри­за­ци­ја. Ту­ка не­ма ин­те­гра­тив­ни или европ­ски по­ри­ви, ту­ку го­ле­ма ет­нич­ка го­ле­мо­др­жав­на по­ли­ти­ка, скри­е­на зад ве­лот на европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја. Ма­ке­до­ни­ја јас­но стои на кур­сот на ин­те­гра­ци­ја во ЕУ и во НА­ТО и се­ка­кви дру­ги ин­те­гра­тив­ни екс­пе­ри­мен­ти би би­ле на­ви­сти­на и по­ве­ќе од кон­тра­про­ду­ктив­ни.
СА­ШО КЛЕ­КОВ­СКИ: Ништо ново- позната формула
Тоа не ни­што но­во, ту­ку е ве­ќе упо­тре­бе­на фор­му­ла во ин­те­гра­ци­и­те на Цен­трал­на Евро­па во ЕУ и ве­ќе се слу­чу­ва во ре­ги­о­нот. Не­фор­мал­на­та со­ра­бо­тка са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но ја има во ме­ди­у­ми­те и во спор­тот. Фор­мал­на­та е стру­кту­ри­ра­на пре­ку ЦЕИ, ЦЕ­ФТА, ПСЈИЕ, СРС, ка­ко и До­го­во­рот за ос­но­ва­ње на енер­гет­ска­та за­ед­ни­ца и Спо­год­ба­та за европ­ска­та за­ед­нич­ка воз­ду­хоп­лов­на об­ласт (ЕЦАА). За до­го­во­р за ос­но­ва­ње транс­порт­на за­ед­ни­ца ве­ќе по­дол­го вре­ме се пре­го­ва­ра, а бе­ше бло­ки­ран од Ср­би­ја и од Ко­со­во, ка­ко и пра­ша­ње­то за се­ди­ште­то на транс­порт­на­та за­ед­ни­ца.
Со­ра­бо­тка­та на по­ли­тич­ко ни­во функ­ци­о­ни­ра пре­ку пар­ла­мен­тар­ни­те гру­пи за при­ја­телс­тво или за­ед­нич­ки вла­ди­ни сед­ни­ци. А, по­ли­ци­ја­та пре­ку кон­тро­ла на гра­ни­ци­те или јав­ни­от ред во ту­ри­стич­ки­те ме­ста. Зна­чи – ни­што но­во.
Текстот е објавен во неделник Република бр.56

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top