| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфунот Фитоу беснее во Јапонија

tajfunПовеќе од 14.000 домаќинства во јапонската префектура Окинава останаа без електрична енергија поради налетот на силниот тајфун Фитоу. Во невремето пет лица се повредени.
Најпогодени се островите Сакишима и Мијако. Брзината на ветрот во некои делови на префектурата достигнала 50 метри во секунда. Брановите во близина на брегот биле високи до 10 метри. Околу 350 авионски летови вчера беа откажани, а над 30.000 луѓе не можеле да отпатуваат. Аеродромот во Окинава денеска повторно е отворен, но дел од летовите и понатаму се откажани.
Според јапонската метеоролошка служба попладне тајфунот ќе се приближи до источнокинеските провинции Чазјан и Фузјан. Се очекува Фитоу да го зафати кинеското крајбрежје утре изутрина. Во очекување на тајфунот Кина објави највисок степен на опасност.
Кон брегот на Окинава се приближува и друг силен тајфун – Данас. Според метеоролозите уште утре вечер тој ќе пристигне до јужните јапонски острови, а кон средина на неделата може да ги погоди островите Кјушу и Хонсју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top