| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Нема преговори пред разоружување

asadСирискиот претседател Башар Асад ја отфрли можноста за разговори со бунтовниците се додека не го положат оружјето. Асад за германски Дер Шпигел изјави дека тој не верува оти со преговори со бунтовниците ќе се стави крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 100.000 луѓе, пренесе Слободна Европа. Асад вели дека американскиот претседател Барак Обама нема докази дека сириските сили користеле нервен гас сарин при нападите на 21 август врз едно предградие на Дамаск. Асад изјави дека владата на рускиот претседател Владимир Путин го поддржа повеќе од било кога. Тој рече дека Путин има подобро разбирање на ситуацијата во Сирија, поради руската борба против „тероризам“ во Чеченија. Сирискиот претседател вели дека неговата влада можеби направи грешки во сериозноста на својата почетна операција, но тој се уште стои на својата одлука да се „бори против тероризмот и да ја брани својата земја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top