Доколку терористичките групи мислеа дека ќе може да здивнат додека трае буџетската криза во САД, многу се излажале. Специјалните едининци на американската армија изведоа две операции за елиминирање на водачи на групи поврзани со Ал Каеда, јави Си Ен Ен.
Едната операција била изведена во либискиот град Триполи, а фатен е Абу Анас ал Либи еден од лидерите на Ал Каеда обвинет за организација на смртоносните бомбашки напади во 1998 извршени врз две американски амбасади во Африка.
Втората акција беше изведена на југот на Сомалија а насочена против водачите на терористичката група Ал Шабааб која стои зад нападот на трговскиот центар во Кенија. Сепак маринците во операцијата во Сомалија биле изложени на жесток оган по што се повлекле, а нема потврда дали пред повлекувањето биле уништени нивните цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.