
Во моментов во тек е седмата рунда од боксерскиот меч на деценијата, а светскиот шампион Владимир Кличко веќе три пати го клекна противникот, па Поветкин беше во нокдаун. Се чини дека прашање на минути е кога Русинот ќе падне.
Украинецот Владимир Кличко и рускиот борец Александар Поветкин се борат за титулата светски шампион во тешка категорија. Кличко ги брани шампионските појаси и честа на украинската боксерска династија.
Кличко во мечот на деценијата против досега непоразениот Поветкин ќе ги брани своите титули во IBF, IBO, WBO i WBA верзиите. Поветкин инаку го има појасот од WBO .
Украинецот е без пораз во рингот од далечната 2004 година кога со технички нокаут загуби од Лемон Брустер.
Владимир Кличко призна пред мечот дека вечерва во Москва ќе боксува против најквалитетниот противник што го имал откако е професионалец.
Поветкин е извонреден боксер со олимписко, светско и европско злато во аматерска конкуренција и е без пораз во 26-те професионални борби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


