
Американскиот Конгрес денеска усвои закон, со кој на околу 800.000 работници во федералната администрација, кои моментно се наоѓаат на принуден одмор, платите ќе им бидат исплатени ретроактивно, кога ќе заврши буџетската криза.
Законот е усвоен едногласно, со гласовите на сите 407 конгресмени од двете партии. Сега за него треба да се изјасни и Сенатот, но се уште не се знае кога ќе се одржи таа седница.
Белата куќа најави дека го поддржува овој закон, како една од мерките за олеснување на кризата. Меѓутоа, и понатаму нема никаков напредок во преговорите околу усвојувањето на буџетот, бидејќи и демократите и републиканците се уште се на почетните ставови.
Претседателот Барак Обама ја откажа азиската турнеја, каде требаше денеска да отпатува, со цел да се обиде со претставниците на двете партии да дојде до компромис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


