
Граничниот премин Клепало кај општина Берово се очекува наскоро да биде отворен. Градоначалникот на Општина Берово, Драги Наџински вели дека Собранието на Р. Бугарија донела одлука за доизградба на патот од с. Микрево до границата.
-После изградбата на оваа делница од патот Струмјани – Берово, која сеуште не е изградена ќе се створат реални услови за да може не пречено да се отври граничниот премин-изјави Драги Наџински, градоначалник на Берово.
Овој граничен премин чека на отварање 20 години. Македонија комплетно ја заврши инфраструктурата. Меѓутоа, иако Бугарија доби пари од ЕУ, останаа не асфалтирани 14 километри.
Одлуката за повторно актуелизирање на овој граничен премин ветува можност за брз економски развој на регионот, а бара мала инвестиција.
-Граничниот премин Клепало спаѓа во групата на мали гранични премини и ги исполнува условите за регионални патишта- изјави Наџински
На тема граничен премин Клепало за дестина дена со бугарскиот министер за транспорт ќе разговараат и градоначалниците на Берово и Струмјани, на која ќе бидат прецизирани деталите за негово отворање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


