| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје против силните Уникс Казан и Банвит во Еврокупот

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе игра против екипите на Уникс Казан (Русија), Банвит (Турција), ВЕФ Рига (Летонија), Макаби Хаифа (Израел) и на Калев Талин (Естонија), во групата Г од Еврокупот во кошарка.

Денешната ждрепка во Барселона, не му се насмевна премногу на МЗТ Скопје и тоа повеќе од аспект на далечните дестинации за патување. Натпреварувањето ќе почне на 15 октомври, а аеродромци се дебитанти,во второто по квалитет натпреварување во клупската кошарка на стариот континент.

Најдобрите три екипи од секоја група ќе се пласираат во следната рунда, каде заедно со елиминираните осум екипи од Евролигата ќе формираат нови осум групи со по четири тима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top