| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: вработувањето во „Македонски шуми“ ќе биде транспарентно

Утре ќе се одржи јавното извлекување на луѓето од социјално ранливите категории што ќе бидат вработени во Македонски шуми. g_makedonski-sumi-karagovski

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека утрешното јавно извлекување за вработување на 1.600 лица од социјални категории ќе се спроведе на транспарентен начин и оти работа ќе добијат оние кои најмногу и ја заслужуваат.
-Со оглед на фактот дека распределбата ќе биде пренесувана на телевизија и изборот ќе се изврши јавно, а јавноста ќе може да го следи, убеден сум дека ќе се спроведе на најдобар транспарентен начин и оти оние кои ќе добијат работа, ќе бидат лицата кои најмногу и заслужуваат, иако и сите други кои конкурирале спаѓаат во овие категории на граѓани, изјави Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top