| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски се вклучи во акцијата за чистење на дива депонија

Градот Скопје и годинава ја поддржа и учествуваше во акцијата „Македонија без отпад 2013″, што се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата има за цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да ја подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници. Активностите за чистење денеска се одржаа на територијата на целата држава, а се вклучија општини, институции, граѓани и невладини организации.

Екипите на Градот Скопје ја расчистуваа дивата депонија во близина на булеварот 3. Македонска бригада, под железничкиот надвозник.

-Градот Скопје континуирано работи на подобрување на јавната хигиена во градот и на подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина. Сметот редовно се подигнува, а интензивно работиме и на селекција на отпадот. Во изминативе пет години Градот Скопје набави вкупно 60 камиони за потребите на ЈП „Комунална хигиена“ со што се зголеми ефикасноста на ова јавно претпријатие, набавени се 200 пластични контејнери, на повеќе локации низ градот се поставени 116 трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање отпад, а на индивидуалните домаќинства бесплатно им се доделени 60 000 канти од 120 литри. Апелирам до моите сограѓани одговорно да се однесуваат кон средината во која што живеат, отпадот да го одложуваат на предвидените места и да селектираат – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски, кој се вклучи во акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top