| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанка претепана за 20.000 денари

Вчера попладне околу 19:15 часот, три лица ја претепале и ограбиле 56 годишната штипјанка О.П. Според информациите на полицијата, тројцата разбојници ја нападнале О.П. за да и го украдат паричникот во кој имала околу 20.000 денари и лични докуманти. Разбојниците крвниччки ја претепале жената, која подоцна била пренесена во штипската Клиничка болница. Поради тешките повреди жената била задржана на лекување.

Штипската полиција привела три лица кои се осомничени дека го извршиле разбојништвото. 20 годишниот А.М. е задржан за понатамошна постапка. Кај приведените, информираат од МВР, биле пронајдени дел од парите и женскиот паричник на штипјанката. ПОлицијата најавува соодветни пријави за напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top