Хрватската пејачка Северина Вучковиќ не уживала отсекогаш во популарноста која што ја има денес. На концертот во Сараево во ’90-те години имала само шест „фанови“.
– Кога одев во Средно музичко училиште, многумина мои, малку постари колеги отидоа на факултет во Сараево. За тоа и јас фантазирав. Чувствував дека во Сараево би можела да ја имам онаа слобода кон која се стремат сите осумнаесетгодишни луѓе кога мислат дека се доволно зрели за самостоен живот. Дури го имав и првиот концерт во Сараево во Домот на младите во 1990. година. Во публиката беа буквално шест луѓе. Имав само една своја песна, останатиот репертоар беше составен од странски и домашни поп-нумери, но настапот го одработив лавовски – открила пејачката во интервјуто за сараевските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


