| четврток, 6 декември 2018 |

Животински полови органи-хит во Азија

Специјалитетите од полови органи се хит во азиските ресторани, а гостите се подготвени за ваквите јадења да платат голема сума пари, објави „МКД.мк“. Од машките гениталии најмногу на цена во Кина е специјалитетот од коњски полов орган, за кој се смета дека го подобрува либидото. Меѓу најбараните пак е специјалитетот направен од комбинација на полови органи и тестиси на магаре, јарец, бик и елен кој чини 200 долари.

Во Кина постојат и специјализирани ресторани со ваква понуда кои се многу посетени, а најголем дел од гостите во ваквата исхрана бараат подобрување на потенцијата и сексуалната моќ.

Во Пакистан на цена е специјалитетот тактак, кој се приготвува од исечкани срца, мозок, бибрези и тестиси од коза и овца. Ова јадење е омилено меѓу мажите, зашто се верува дека оброкот ја зголемува потенцијата, но дава и енергија. Се служи во комбинација со домати, ѓумбир, пиперка и кромид.

Во Џакарта пак, мажите својата сексуална моќ ја подобруваат пиејќи змијска крв. Змиите се одбираат на пазар, им се сече главата, а потоа крвта се точи во чаша, се додава лажица мед за да го подобри вкусот, и се пие. Овој пијалок се смета и за лек против дијабетес и зголемен крвен притисок.

Едно од најпознатите јадења е специјалитетот кој се прави од полов орган на елен. Нутриционистката Ду Јуемеј тврди дека овој специјалитет дава иста потенција како да сте изеле три полови органи од бик.

Во рестораните низ Азија кои нудат ваков тип на специјалитети има и нутриционисти кои одат од маса до маса и на гостите им објаснуваат кои полови органи употребени во еден специјалитет на што делуваат и со што се служат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top