Повеќе од 2 милиони луѓе во Кина се вработени од Кинеската Влада за да следат објави на интернет, објавија кинески медиуми.
Весникот „Бејџинг њуз“ наведува дека работата аналитичар која се наоѓа на платен список на државата, но и комерцијални фирми, не е да бришат пораки на корисници на интернет, туку само да „собираат и анализираат јавно мислење изнесено на микроблогови и да составуваат извештаи што ќе бидат проследени до законодавните власти“.
Стотици милиони луѓе во Кина користат микроблогови и преку нив ја критикуваат државата или изразуваат несогласување со системот во државата во која живеат.
Најпопуларниот кинески сајт за микроблогови Сина Веибо, покренат е во 2010 година и има повеќе од 500 милиони регистрирано корисници, а секојдневно на него се објавуваат по околу 100 милиони пораки. Пораките за политички теми како што е корупција на официјални лица редовно се бришат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.